Градинарскиот час мудрец успева природно во Турција и делува полезно за безброј болести

Градинарскиот чај мудрец „Салвија официналис“ т.ј. адачаји како што се нарекува овде во Турција, е општо име коешто се употребува за растенија од видот Салвија чија татковина се Медитеранските земји

1352890
Градинарскиот час мудрец успева природно во Турција и делува полезно за безброј болести

Дали знаете дека градинарскиот чај мудрец, односно Салвија официналис или адачаји како што се нарекува на турски, којшто успева природно во Турција, делува полезно за безброј болести?

Градинарскиот чај мудрец „Салвија официналис“ т.ј. адачаји како што се нарекува овде во Турција, е општо име коешто се употребува за растенија од видот Салвија чија татковина се Медитеранските земји. Овој вид растение располага со 900 видови низ светот, додека 51 од 97 видови коишто успеваат во флората на Турција се наоѓаат меѓу ендемските видови растенија, т.ј. билки. 

Градинарскиот чај мудрец со своите безброј полезни страни коишто не завршуваат со набројување е волшебно растение од аспект на човечкото здравје. Во народната медицина стотици години се користи како народен лек против настинка и проблеми со варењето, односно дигестивните проблеми.

Антиоксидансите коишто ги содржи го зајакнуваат имунолошкиот систем и ја зголемуваат отпорноста на телото против хронични болести. Извршените истражувања ставаат до знаење дека градинарскиот чај мудрец го намалува нивото на лошиот холесторол, а го зголемува нивото на добриот холесторол. Исто така има и корисни влијанија, односно делува добро за здравјето на мозокот и меморијата.

Сепак, конзумирањето т.ј. употребата долго време и во големи количини на градинарскиот чај мудрец, односно адачаји како што се нарекува на турски, а кој што има толку многу полезни работи за здравјето, може да доведе и до одредени ризици по здравјето. Така се препорачува бремените жени и доилките да избегнуваат од конзумирање на мудрец во поголеми количини. Оние кои користат лекови  за дијабетис или холесторол треба да бидат внимателни при употреба на производи од мудрец, односно „Салвија официналис“.

Градинарскиот чај мудрец, односно адачаји, во Турција најмногу се конзумира или употребува како билен, растителен чај. Тазе лисјата на мудрецот се претпочита да се употребуваат и во салати или во различна друга храна со месо и риба, за придавање на вкус и мирис на храната што се подготвува. Есенцијалното масло коешто се добива од лисјата на мудрец поготово се употребува во индустријата за лекови (фармацијата) и во козметиката.
 



Слични вести