Аја Софија најпосетен музеј во 2019

Музејот на Мевлана во Коња кој исто така важи за една од најпривлечните дестинации на домашните и странски туристи, лани го посетија 3 милиони 464 илјади 155 лица

1352142
Аја Софија најпосетен музеј во 2019

Министерството за култура и туризам соопшти дека бројот на туристите во 2019 година кои ги посетија музеите и археолошките локалитети во споредба со претходната година се зголеми за околу 7 милиони.

Според информациите од Министерството, бројот на туристите кои што ги посетија музеите и археолошките локалитети во 2017 година изнесуваше 20 милиони 509 илјади 746, во 2018 година 28 милиони 145 илјади 550 лица, во 2019 година оваа бројка се зголеми на 35 милиони 48 илјади 417 лица.

Музејот Аја Софија е еден од најзначајните објекти на Истанбул. Со посетеност од страна на 3 милиони 727 илјади 361 лице во 2019 беше најпосетен музеј во Турција.

Музејот на Мевлана во Коња кој исто така важи за една од најпривлечните дестинации на домашните и странски туристи, лани го посетија 3 милиони 464 илјади 155 лица.

Музејот на Мевлана се најде на второто место на најпосетени музеи во 2019 година.

По музејот на Мевлана, со посетеност од 2 милиони 557 илјади 868 посетители, археолошкиот локалитет Хиераполис кај Денизли се најде на трето место на списокот на најпосетени музеи и локалитети.

Сарајот Топкапи во Истанбул кој беше изграден од страна на султанот Фатих Мехмет Втори Освојувачот и 400 години беше седиште на Османлиската Империја, од аспект на посетеноста во 2019 година се најде на четврто место.

Сарајот музеј Топкапи лани беше посетен од страна на 2 милиони 364 илјади 946 посетители.

Локалитетот Ефес кај Измир со 855 694 посетители во 2019 година се најде на петтото место на најпосетени музеи и локалитети.

Културно-историските знаменитости и природните богатства во Невшехир и околината како што се Кападокија и останатите се најдоа на 10 место од аспект на најпосетените во 2019 година.

Ефес беше посетен од страна на 1 милион 403 илјади 444, локалитетот Невшехир Ѓореме од страна на 632 970, подземниот град Невшехир Кајмакли од страна на 592 илјади 727, музејот Невшехир Хаџибекташ од страна на 592 илјади 727, локалитетот Троја кај Чанаккале (Дарданелите) од страна на 583 илјади 491, долината и локалитетот Ихлара кај Аксарај од страна на 566 илјади 917 посетители.



Слични вести