Недела на сеќавање на Османлиската Империја

Оваа недела ќе помине во знакот на сеќавање на Османлиската Империја која во текот на стотици години владееше на териториите коишто се простираат на три континенти и тоа во Европа, Азија и Африка

1348135
Недела на сеќавање на Османлиската Империја

Почнувајќи од денеска во текот на оваа недела ја одбележуваме Неделата на сеќавање на Османлиската Империја.

Периодот на Османлиската Империја која во текот на стотици години владееше на териториите коишто се простираат на три континенти и тоа Европа, Азија и Африка, и која од азиската прататковина како волк кој ја исправил својата глава кон Европа стотици години воспостави мировен поредок, цивилизација и хуман став, беше убав период. Влијанието на тие убави денови продолжува дури и денеска.

Овој период во кој дури и на елементите на општеството кои не беа од исто потекло (од иста верска, јазична и расна пропадност) им се ветуваше и гарантираше правда, всушност претставува и историја по човештво т.ј. хуманост. Без претходно да се истражува и испитува Османлискиот период, денеска не е  можно да се сфати и разбере ниту историјата на Русија, Германија, Балканот, Блискиот исток и на Северна Европа.

Ова сфаќање за правда чие место никако не може да се пополни, можеби беше лек дури и за крвопролевањата и солзите коишто се доживуваат денеска.

Свечено ја одбележуваме Неделата на сеќавање на Османлиската Империја која зад себе остави безброј траги за историјата по човештво т.ј. хуманост и сме поносни и горди од тоа што сме следбеници на оваа голема цивилизација.



Слични вести