Почина Рахшан Еџевит, сопругата на покојниот поранешен премиер Булент Еџевит

Синоќа во 21:10 часот по локално време на 97 годишна возраст почина Рахшан Еџевит, сопругата на покојниот поранешен премиер Булент Еџевит

1343013
Почина Рахшан Еџевит, сопругата на покојниот поранешен премиер Булент Еџевит

На 97 годишна возраст почина Рахшан Еџевит, сопруга на покојниот поранешен премиер Булент Еџевит и основачка на Демократската левичарска партија (ДСП). 

Рахшан Еџевит на 26 декември 2019 година беше хоспитализирана во Болницата за обука и истражување Ѓулхане во Анкара, а по еден ден откако и се влоши здравствената состојба беше префрлена во клиниката за интензивна нега во интерниот сервис.

Рахшан Еџевит почина синоќа во 21:10 часот по локално време поради откажување на повеќе органи.

По веста за смртта на Рахшан Еџевит пристигнаа и пораки со сочувство.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, по повод смртта на сопругата на покојниот поранешен премиер Булент Еџевит, Рахшан Еџевит, го изрази своето сочувство до претседателот на Демократската левичарска партија (ДСП) Ондер Аксакал.

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп, претседателот на Републиканската народна партија (ЏХП) Кемал Киличдароглу и претседателката на ИЈИ Мерал Акшенер на своите официјални профили на социјалната медија ѝ посакаа на Рахшан Еџевит милост од Аллах.

Пораки со сочувство поради смртта на Рахшан Еџевит објавија и министерот за здравство Фахреттин Коџа, како и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Во меѓувреме, и премиерот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар во пораката што ја објави на својот официјален профил на социјалната медија во врска со смртта на Рахшан Еџевит, го изрази своето сочувство во име на владата.



Слични вести