Турскиот штанд на Меѓународниот саем за туризам 2020 во Виена наиде на големо интересирање

Генералниот конзул на РТ во Виена Асип Каја рече дека во 2018 година беше забележан раст на австриските туристи на Турција за 24, додека во 2019 за 13 отсто

1342787
Турскиот штанд на Меѓународниот саем за туризам 2020 во Виена наиде на големо интересирање
viyana '2020 uluslararasi turizm fuari1.jpg
viyana '2020 uluslararasi turizm fuari2.jpg
viyana '2020 uluslararasi turizm fuari3.jpg
viyana '2020 uluslararasi turizm fuari4.jpg
viyana '2020 uluslararasi turizm fuari5.jpg

Турскиот штанд на Меѓународниот саем за туризам 2020 во Виена наиде на големо интересирање.

На саемскиот простор Месе учествуваат 850 фирми од 50 земји. Консалтинг службата за култура и промоција на Турција во Виена на саемот отвори штанд од 100 м2.

На саемот, освен претставници на Министерството за култура и туризам на Турција и авиокомпанијата Туркиш ерлајнс, учествуваа голем број претставници на Кајмакамлукот и Општината на Урѓуп, хотелите, патничките агенции и туроператори.

Гостите кои го посетија турскиот штанд беа понудени со различни специјалитети.

Генералниот конзул на РТ во Виена Асип Каја во изјавата за печатот рече дека Саемот на туризмот во Виена се смета за еден од најзначајните во светот и дека се очекува посета од над 500 илјади посетители.

Каја додаде дека во 2018 година беше забележан раст на австриските туристи на Турција за 24, додека во 2019 за 13 отсто.

Лани Турција ја посетија околу 400 илјади австриски туристи, додека во 2020 година очекуваме оваа бројка да се зголеми на 500 илјади.

300-те илјади граѓани од турско потекло, државјани на Австрија сносат голема одговорност. Затоа ги повикувам сите наши сограѓани да го дадат својот индивидуален придонес на различни полиња за промоцијата на Турција во Австрија, рече генералниот конзул Каја.

Мехмет Марашли, кајмакамот на Урѓуп посака 4 дневниот саем во Виена да помине плодно од аспект на промоцијата на Кападокија и областа Ургуп, изразувајќи надеж 2020 година да биде подобра година од аспект на посетеноста и да се постигне нов рекорд во споредба со претходната.



Слични вести