Дали знаете дека Турција располага со поголем број видови ендемски растенија од цела Европа?

Во Турција постојат приближно 11 илјади растителни видови, 3 илјади од нив растителни видови се специфични само за неја, односно ендемски и на нејзините територии има поголем број видови ендемски растенија од цела Европа

Дали знаете дека Турција располага со поголем број видови ендемски растенија од цела Европа?
Türkiye endemik tür.jpg

Дали знаете дека Турција од аспект на ендемските растителни видови со коишто располага е едниот од најбогатите региони во светот?

Во Турција постојат приближно 11 илјади растителни видови. 3 илјади од овие растителни видови пак, се специфични односно ендемски.

Со оваа своја карактеристика Турција располага со поголем број видови ендемски растенија од цела Европа.

Ова богатство на Турција произлегува од тоа што во своите ридско-планински предели се наоѓа во географија каде што се поврзуваат еден со друг континентите и тоа што содржи, односно располага со различни клими.

Турција, денеска, остварува извоз на голем број ендемски растителни видови и тоа со медицинска и ароматична намена. На ист начин и пред стотици години голем број производи коишто успеваат на плодните почви на Анадолија се прошириле низ светот.

Така меѓу производите коишто се по потекло од Анадолија и оттука се прошириле низ светот би можеле да ги наброиме црешите, бадемите, кајсиите, пченицата, наутот, леќата, смоквата и уште многу други.

Меѓу цвеќињата коишто од Анадолија се прошириле низ светот пак, се лалето, кокичето и крокусот.
 



Слични вести