Џереми Ајронс избран за претседател на жирито на Берлинале

Сеуште не се објавени имињата на филовите кои ќе бидат прикажани на Берлинале.

Џереми Ајронс избран за претседател на жирито на Берлинале

Џереми Ајронс избран за претседател на жирито на годинашниов 70-ти Меѓународен филмски фестивал (Берлинале) што ќе се одржи од 20 февруари до 1 март 2020.

Според соопштението кое беше објавено од страна на управата на Берлинале, претседател на годинашниов филмски фестивал Берлинале ќе биде 71 годишниот оскаровец, филмски и театарски глумец и актер Џереми Ајронс.

Имено актерот Ајронс кој играше во многу филмови, за улогата во филмот Промена на судбината (Reversal of Fortune) ја доби наградата на американската академија за најдобра машка улога како и наградата Златен глобус.

Сеуште не се објавени имињата на филовите кои ќе бидат прикажани на Берлинале.

Програмата на фестивалот со јавноста ќе биде споделена на 29 јануари.



Слични вести