Белег на годинашните награди Златен глобус удри филмот за Првата светска војна „1917“

Со одржана церемонија во Лос Анџелес во САД синоќа беа доделени наградите Златен глобус („Golden Globe“) коишто секоја година се доделуваат од страна на  Асоцијацијата на странските медиуми во Холивуд (HFPA Hollywood Foreign Press Association-HFPA)

1335351
Белег на годинашните награди Златен глобус удри филмот за Првата светска војна „1917“

Годинашната награда Златен глобус којшто се одржува по 77-ми пат во категоријата драма го освои епскиот воен филм за Првата светска војна „1917“.

Со одржана церемонија во Лос Анџелес во САД синоќа беа доделени наградите Златен глобус („Golden Globe“) коишто секоја година се доделуваат од страна на  Асоцијацијата на странските медиуми во Холивуд (HFPA Hollywood Foreign Press Association-HFPA) и кои се оценуваат како предвесници на Оскар наградите.

Оваа престижна награда Златен глобус, која се рангира веднаш после Оскарот, се доделува во 25 категори во конематографијата и телевизијата, а годинава по рекорден петти пат свеченоста на врачувањето на признанијата ја водеше британскиот комичар Рики Џервејс.

Наградата најдобра катерка во категоријата комедија или мјузикл ја доби рап- пејачката Awkwafina за нејзината улога во филмот „The Farewell“ (или најавуван како Збогум), која воедно стана првата глумица од Азија која ја доби оваа награда во историјата на наградите Златен глобус.

На церемонијата внимание привлекоа следните зборови на Патриша Аркет: „Кога ќе се погледне назад кон 5 јануари 2020 година никој нема да се сеќава на оваа ноќ. Историјата ќе пишува за една земја која е дојдена на работ на војната.“

Еве ги филмовите кои станаа добитници на наградата Златен глобус за 2020 година:

Најдобар филм (Драма): 1917

Најдобар филм (Мјузикл/Комедија): Once Upon a Time in Hollywood

Најдобар филм (Анимација): Missing Link

Најдобра машка улога (Драма): Joaquin Phoenix, Joker

Најдобра женска улога (Драма): Renée Zellweger, Judy

Најдобра машка улога (Мјузикл/Комедија): Taron Egerton, Rocketman

Најдобра женска улога (Мјузикл/Комедија): Awkwafina, The Farewell

Најдобра споредна машка улога: Brad Pitt - Once Upon a Time in Hollywood

Најдобра споредна женска улога: Laura Dern - Marriage Story

Најдобра режија: Sam Mendes - 1917

Најдобро сценарио: Quentin Tarantino - Once Upon a Time in Hollywood

Најдобра музика за филм: Hildur Guðnadóttir - Joker

Најдобар странски филм: Parasite (Güney Kore)

 

Добитници на награда во телевизијата се:

Најдобра телевизиска серија (Драма): Succession

Најдобра телевизиска серија (Мјузикл/Комедија): Fleabag

Најдобра мини телевизиска серија или телевизиски филм: Chernobyl

Најдобра машка улога (ТВ Мјузикл/Комедија): Ramy Youssef - Ramy

Најдобра женска улога  (ТВ Мјузикл/Комедија): Phoebe Waller-Bridge - Fleabag

Најдобра машка улога (ТВ Драма): Brian Cox - Succession

Најдобра женска улога  (ТВ Драма): Olivia Colman - The Crown

Најдобра машка улога (ТВ Мини серија): Russell Crowe - The Loudest Voice

Најдобра споредна женска улога  (ТВ Мини серија): Michelle Williams - Fosse/Verdon

Најдобра споредна машка улога (Куса ТВ серија или филм): Stellan Skarsgard - Chernobyl

Најдобра споредна женска улога (Куса ТВ серија или филм): Patricia Arquette - The Act

 



Слични вести