Сарајот Долмабахче во Истанбул во 2019 година го посетија 1 милион 306 илјади туристи

Вкупниот број на туристи кои ги посетија сараите во споредба со претходната година постигна раст од 27 отсто

1333631
Сарајот Долмабахче во Истанбул во 2019 година го посетија 1 милион 306 илјади туристи

Бројот на домашните и странските туристи кои лани ги посетија историските сараи, палати и дворци собори нов рекорд.

Според соопштението кое беше објавено од страна на Управата за национални сараи на Турција, вкупниот број на туристи кои ги посетија сараите во споредба со претходната година постигна раст од 27 отсто и од 1 милион 430 илјади се зголеми на 1 милион 815 илјади туристи.

Бројот на странските туристи со раст од 43 отсто, од 700 илјади се зголеми на 1 милион лица.

Сарајот Долмабахче во Истанбул го посетија 1 милион 306 илјади лица од кои 915 илјади беа странски туристи.

Сарајот Беглербеги (Бејлербеји) го посетија 173 415, додека дворецот Ихламур 85 илјади лица.

Бројот на туристите кои што ги посетија само градините на историските објекти на Управата за национални сараи се зголеми за 31 отсто и изнесува околу 100 илјади лица.

Најмногу интересирање од аспект на посетата на градините привлече градината на дворецот Ќучуксу со 15 илјади посетители.

Најголем број посетители кои лани ги посетија културно-историските објекти на Управата за национални сараи беа туристите од Шпанија, Италија и Грција.



Слични вести