Дали знаете дека новата година се празнува со најразлични прослави низ светот?

Новата година која означува и е во својство на еден нов почеток во секоја сфера, се слави со најразлични прослави, во забава, радост и со манифестации насекаде низ светот.

Дали знаете дека новата година се празнува со најразлични прослави низ светот?

Дали знаете дека стапувањето на новата година се празнува со најразлични прослави, во забава и радост низ светот?

Новата година која означува и е во својство на еден нов почеток во секоја сфера, се слави со најразлични прослави, во забава, радост и со манифестации насекаде низ светот.

Заедничка цел на сите тие прослави пак, е новата година да донесе мир, спокојство, благосостојба, просперитет, радост и среќа.

Прославите на новата година претставуваат еден од најстарите обичаи, активност и манифестација за коишто се знае во историјата.

Првата новогодишна прослава за којашто е познато и се знае, била одржана во 4000-дитите години пред новата ера во Вавилон.

Почетокот на пролетта кај Вавилонците воедно беше почеток и на новата година.

Со прифаќањето на грегоријанскиот календар кој денес се смета и за официјален календар, и покрај тоа што нема никакво астрономско или земјоделско значење, 1 јануари почна да се слави како нова година од страна на културите, односно заедниците и земјите кои го користат тој календар.

Грегоријанскиот календар, т.ј. модерниот календар, во Турција е прифатен на 26 декември 1925 година и за прв пат со цел 1926 година да се слави како нова година беше организирана игра на среќа, новогодишна лотарија. 

Во 1935 година, откако 1 јануари беше прогласен за официјален празник, новогодишната ноќ почна да се слави во порадосна и посреќна и празнична атмосфера со одржување на најразлични прослави и забави и во Турција.
 



Слични вести