Филмот „Наим: Џепниот херкул“ на 2 јануари ќе почне да се прикажува во Европа

Филмот "Наим: Џепниот херкул" во кој се раскажува за еден дел од животот на легендарниот турски спортист кревач на тегови, 6 кратен европски, 7 кратен светски и 3 кратен олимписки шампион, на 2 јануари 2020 година ќе почне да се прикажува во Европа

1332770
Филмот „Наим: Џепниот херкул“ на 2 јануари ќе почне да се прикажува во Европа

Филмот „Наим: Џепниот херкул“ со кој е пренесен на белото платно животот на легендарниот кревач на тегови Наим Сулејманоглу кој го удри својот белег на историјата на турскиот спорт, ќе почне да се прикажува во Европа на 2 јануари.

Филмот во кој се раскажува за еден дел од животот на кревачот на тегови Наим Сулејманоглу кој стана неколкукратен европски, светски и олимписки шампион и почина пред две години (18 ноември, 2017 година), ќе почне да се прикажува пред љубителите на кинематографијата во европски земји како што се Англија, Франција, Белгија, Данска, Холандија, Австрија и Германија. 

Наим Сулејманоглу кој е избран за најдобар спортист на светот, во својата кариера фрли потпис на 47 светски рекорди, 6 пати стана европски шампион и 7 пати светски шампион. Освен тоа стана и трикратен олимписки шампион (освои 3 олимписки златни медали).  Сулејманоглу го запиша своето име во историјата како единствен спортист кој можеше да подигне 3 пати поголема тежина од сопствената тежина. 

Својот прв светски рекорд го постигна на 15 години.

Наим Сулејманоглу почина на 18 ноември 2017 година по трансплантацијата на црн дроб.

Филмот „Наим: Џепниот херкул“ на 2 јануари 2020 година ќе биде прикажан во главниот град на Велика Британија, Лондон, во главниот град на Франција, Париз и во градовите Bourgoin-Jallieu, Bretigny-sur-Orge, Fenouillet, Lomme, Lyon, Metz, Mulhouse, Nancy, Nimes, Paris, Rouen и Thionville. 

Филмот воедно ќе се прикажува и во други земји и градови низ Европа како Виена, Bregenz и Lustenau во Австрија, во Amsterdam, Den Haag, Deventer, Rotterdam, Schiedam, Tilburg и Vlaardingen во Холандија, Брисел и Анверс во Белгија, Rodovre во Данска, и во Augsburg, Berlin, Bielefeld, Bochum, Bremen, Darmstadt, Dortmund, Duisburg, Düsseldorf, Essen, Frankfurt, Gelsenkirchen, Hamburg, Hamm, Hannover, Heidelberg, Karlsruhe, Kassel, Kehl, Köln, Krefeld, Mannheim, Memmingen, München, Neckarsulm, Neufahrn b. Freising, Nürnberg, Offenbach, Sindelfingen, Stuttgart, Wetzlar и Wuppertal во Германија.



Слични вести