Дали знаете 53/2019

Орхан Памук е турски писател кој е роден во 1952 година во Истанбул и кој го запиша своето име во историјата како прв Турчин кој ја доби Нобеловата награда

1332354
Дали знаете 53/2019
masumiyet müzesi_orhan pamuk

Дали знаете дека делата (книгите) на турскиот писател Орхан Памук добитник на Нобелова награда за литература во 2006 година, се преведени на повеќе од 60 јазици?

Орхан Памук е роден во 1952 година во Истанбул и го запиша своето име во историјата како прв Турчин кој доби Нобелова награда.

Нобеловата награда за литература за 2006 година ја доби Орхан Памук и истата година од страна на списанието „Тајм“ („Time“) беше избран за еден од највлијателните 100 личности во светот.

Орхан Памук кој до своите 20 години цртал и мислел да стане ликовен уметник, студираше архитектура на Истанбулскиот технички универзитет (ИТУ), и откако самиот сфати или разбра дека не може да стане ниту архитект ниту ликовен уметник, почна да студира нивинарство. Меѓутоа, не се бавеше со ниту една од овие професии и во 1974 година одлучувајќи да стане писател се затвори во својата куќа и почна да пишува.

Писателот кој се наоѓа на листата на бестселери во светски рамки го прочу своето име на меѓународната арена со романите во коишто искомплицираната историја на Турција ја обработува во традиционален европски стил. Откако во 2006 година ја доби Нобеловата награда за литература се зголеми уште повеќе и заинтересираноста кон неговите романи на меѓународно ниво.

Читатели од сите страни на светот потпаднаа под влијанието на неговите себе специфични раскази коишто се одвиваат во Турција.

Неговите дела, односно гниги, беа преведи на повеќе од 60 јазици во светот и беа продадени над 13 милиони низ целиот свет.
 



Слични вести