Дали знаете 52/2019

Познатиот турски пијанист Фазил Сај е роден во 1970 година, почнал да свири на пијано уште додека имал 4 години, додека својата прва композиција ја компонирал на 14 години

1332023
Дали знаете 52/2019
Fazıl Say 3.jpg
fazıl Say.jpg
fazıl say.jpg

Дали знате дека светски познатиот турски пијанист Фазил Сај, истовремено е едниот од најзначајните композитори во последните 30 години?

Фазил Сај е роден во 1970 година и почнал да свири на пијано уште додека имал 4 години. Својата прва композиција ја компонирал на 14 години. 
Фазил Сај во 1994 година го освои првото место на натпреварот за Млади солисти за концерт на Европа.

Потоа во 1995 година го освои првото место и на интерконтиненталниот натпревар во Њујорк во САД, со што ја започна и својата кариера за приредување на концерти.

Освен приредените концерти почна да компонира ораториуми, концерти за пијано, оркестри во различни форми, дела за камерна музика и пијано, песни и пијано. Меѓу тие дела се и ораториуми под наслов Ламенти за Назим и Метин Алтиок, концерти за пијано, оркестарско дело напишано во спомен на Алберт Ајнштајн, балет музиката по име Патара којашто ја компонира по повод прославите на 250-от роденден на Волфганг Амадеус Моцарт.

Неговиот албум во 2007 година по име „Black Eart“ („Црна земја“) во кој се наоѓа пијано делото коешто го компонира со инспирација од народната песна на турскиот народен поет (озан, трубадур) Ашик Вејсел по име „Црна земја“ „(Kara Toprak“), на Билборд листите во САД се искачи на шестото место. 
На Фазил Сај во 2008 година од страна на Европската унија (ЕУ) му беше доделена титулата „културен амбасадор“.

Фазил Сај е добитник на голем број награди, а во 2016 година му беше врачена Меѓународната награда Бетовен за човекови права, мир, слобода, борба против сиромаштијата и интернализирање, која претставува најпрестижна музичка награда во светот. 
 



Слични вести