ТРТ Ворлд го освои првото место на 9. натпревар на ЕУ за кусометражен филм за човекови права

Првото место на 9-от натпрервар на Европската унија (ЕУ) за кусометражен филм за човекови права го освои документарниот филм „It’s me, Super Girl“ („Јас сум, супер девојка“) на ТРТ Ворлд (TRT World)

1330072
ТРТ Ворлд го освои првото место на 9. натпревар на ЕУ за кусометражен филм за човекови права

Со одржана церемонија беа доделени наградите на 9-от натпревар на Европската унија (ЕУ) за кусометражен филм за човекови права.

Првото место го освои документарниот филм „It’s me, Super Girl“ („Јас сум, супер девојка“) во режија на Мустафа Коч, аранжер е Огуз Атабаш, а снимател Ѓурај Ервин, на ТРТ Ворлд (TRT World) кој емитува на англиски јазик при Турската радио и телевизија (ТРТ).

Во документарниот филм се раскажува за животната приказна на турската репрезентативка, пливачка со ампутирани екстремитети Сумејје Бојаџи.

Сумејје Бојаџи, на Европското параолимписко првенство во пливање во август во 2018 година во главниот град на Ирска Даблин во категоријата 50 метри грбно стана шампионка и се закити со златен медал, а на Светското параолимписко првенство во пливање во главниот град на Велика Британија, Лондон, го освои второто место и доби сребрен медал.



Слични вести