Специјалитети од турската кујна 52-2019

Ашура или Пудингот на Ное

1328979
Специјалитети од турската кујна 52-2019

Денес ќе ве запознаеме со рецептот на едно од најстарите слатки на светот. Тоа е ашурата која се подготвува со варење на зрнест зеленчук-мешунки како што се пченица, наут, кајсии, смокви и други овошни плодови а е познато и како Пудингот на Ное. Бидејќи според едно општо прифатено верување, веднаш по Големиот потоп, Хазрети Ное и живите суштества во негова придружба почнуваат да ја консумираат храната што ја однесоа со нив. Сите намирници што ги имаат, ги ставаат во еден казан и ги варат и на тој начин се појавува ашурата. Според исламскиот (хиџретски) календар, месецот Мухарем е познат како месец на ашурата. 10-от ден на овој месец е понат како ден на ашурата. Ашурата претежно се подготвува во овој посебен период кога се случиле низа значајни настани во исламската историја. По подготвената ашура се чита молитва, бидејќи се верува дека е лековита, им се дава на болните и децата, а потоа на блиските и соседите, другарите, пријателите. Ашурата покрај тоа што во некои земји се именува под различни имиња, во блиската географија на Турција тоа во суштина е слатко. Заедниците кои подготвуваат ашура, зависно од значењето на поводот поради што го подготвуваат како и состојките, датумот на подготвување и целта, покажува одредени измени. На пример, додека ашурата во Грција се подготвува веднаш по смртта на некој човек, ова слатко во Ерменија се подготвува за Божиќ или Нова година.

Ашурата во Турција претежно се подготвува од зрната на пченицата, грав, наут, кајсии, ореви, грозје, смокви и друг зрнест зеленчук, зависно од подрачјето. Денес ќе ве запознаеме со рецептот на ашурата која се подготвува пошироко во земјата. Секако дека по ваш избор можете да го збогатите бројот на состојките кои ќе ги употребите во подготвувањето на ова извонредно слатко.

За подготвување на слаткото ашура потребни ви се следните состојки:

2 чаши зрна пченица

3 чаши шеќер

Половина чаша грав

Половина чаша наут

Половина чаша суво грозје

4 суви смокви

4 суви кајсии

За украсување на слаткото ашура потребни ви се:

Цимет

Ореви

Зрна од калинки

Слаткото ашура се подготвува на следниот начин. Една ноќ пред да почнете да го правите слаткото, пченицата, гравот и наутот ги ставаме во вода да се натопат. Следниот ден пченицата ја вариме во три литри вода се додека добро не се свари. На ист начин ги вариме и другите состојки како што се наутот и гравот. Сварениот грав и наут ги додаваме во сварената пченица и чекаме да се сварат уште одреден период. Потоа додаваме шеќер и грозје. Потоа додаваме сечкани смокви и кајсии. Откако целата смеса ќе се свари околу пет минути, на крајот додаваме лешници и ја затвораме плотната на шпоретот. Свареното ашуре сервирајте го топло. Откако ќе се олади, слаткото украсете го со ореви, цимет, зрна од калинки. Ви посакуваме пријатен апетит.



Слични вести