Дали знаете 51/2019

Не е случајно тоа што првиот и единствениот поморски музеј на Турција е отворен во квартот Бешикташ во Истанбул

1326775
Дали знаете 51/2019
deniz-muzesi..jpg

Дали знаете дека првиот и единствениот поморски музеј на Турција се наоѓа во квартот Бешикташ во Истанбул? 

Не е случајно тоа што првиот и единствениот поморски музеј на Турција е отворен во квартот Бешикташ во Истанбул.

Османлиската флота од 16-от век до средината на 19-от век секоја година во летните месеци излегувала на поход од пристаништето на Бешикташ. Џиновски бродови едреници галеони и галии пред походите се укотвувале во пристаништето кадешто останувале неколку дена, а потоа биле испраќани со церемонии. Овие церемонии кои во османлиското поморство дошле во вид традиција, обезбедиле Бешикташ да се стекне со привилегирано место во историјата на поморството.

Во 16-от век големиот турски морепловец Барбарос Хајреттин Паша на делтата на реката Бешикташ изградил џамија и медресе. По смртта бил погребан во турбето коешто било изградено на мегданот (плоштадот) на Бешикташ од страна на познатиот архитект Мимар Синан. Почитта којашто се чувствувала кон овој голем турски морепловец, создала една емотивна врска помеѓу морнарите и Бешикташ.

Затоа, тоа што првиот и единствениот поморски музеј на Турција од 1961 година досега е во услуга во Бешикташ, има специјално (посебно) значење од аспект на поморската историја.
 



Слични вести