Емине Ердоган свечено го отвори Турскиот културен центар на Институтот Јунус Емре во Куала Лумпур

Сопругата на претседателот Ердоган, г-ѓа Емине Ердоган, на свеченото отворање на Турскиот културен центар на Институтот Јунус Емре (ЈЕЕ) во Куала Лумпур, во Малезија, истакна дека овој Институт ќе го зацврсти уште повеќе пријателството помеѓу двете земји

1326379
Емине Ердоган свечено го отвори Турскиот културен центар на Институтот Јунус Емре во Куала Лумпур
emine erdogan.jpg
emine erdogan.jpg

Сопругата на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, Емине Ердоган, која го придружува за време на посетата на Малезија, свечено го отвори Турскиот културен центар на Институтот Јунус Емре (ЈЕЕ) во главниот град на оваа земја, Куала Лумпур.

Во говорот што го одржа на отворањето, г-ѓа Емине Ердоган истакна дека овој Институт ќе го зацврсти уште повеќе пријателството помеѓу двете земји.

Таа привлече внимание дека и двете земји (Турција и Малезија) одигруваат значајни улоги во изградбата на иднината на географијата кадешто се наоѓаат.

Велејќи дека во изградбата на оваа иднина, од крајно големо значење е силниот придонес на малезиските жени, г-ѓа Емине Ердоган ја изнесе следната констатација: „Свесна сум за големата моќ на жените во Малезија кои успеваат во секоја работа и ги развиваат своите семејства и своето општество. Тие ќе имаат мошне значаен удел во стекнувањето на светот со иднина исполнета со просперитет и спокојство.“

Претседателот на Институтот Јунус Емре (ЈЕЕ или YEE) проф. д-р Шереф Атеш исто така ифнромира дека на 9 универзитети во Малезија турскиот јазик се изучува како факултативна настава.

Потоа на сопругата на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, Емине Ердоган, која ја прошета и „Изложбата стрелаштвото како наследство во турско-исламската цивилизација“ којашто беше отворена од страна на Фондацијата за стрелаштво (Вакафот за стрелаштво), и беа врачени подароци од страна на Институтот Јунус Емре.

Г-ѓа Емине Ердоган и оние во нејзина придружба сликаа и спомен фотографија со турските ученици и со Малајците кои учат турски јазик во Малезија.

За време на оваа програма во малезискиот главен град Куала Лумпур, Емине Ердоган беше придружувана од страна на сопругата на министерот за трезор и финансии Берат Албајрак, Есра Албајрак, сопругата на министерот за национална одбрана Хулуси Акар, Шуле Акар и сопругата на министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу, Хамдије Сојлу, како и сопругата на потпретседателот на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) Нуман Куртулмуш, Севги Куртулуш.



Слични вести