Специјалитети од турската кујна 51-2019

Кадинбуду ќофте

1328984
Специјалитети од турската кујна 51-2019

Едно од основните јадења на турската кујна се „ќофтињата“ кои се подготвуваат од мелено месо и зачини. Во периодот на Османлиската империја имаше над 300 видови ќофтиња. Ќофтето е јадење кое може да се обликува во низа различни форми. Освен тоа што можете да го видите во луксузните ресторани исто така се продава и на тезгите по улиците. Главната состојка на ќофтето е црвеното месо, кокошкиното месо, рибата па дури и зеленчукот. Денес ќе ве запознаеме со рецептот на ќофтето „кадинбуду ќофте“ кое може да се консумира и топло и ладно.

За подготвување на ќофтето кадинбуду потребни ви се следните состојки:

600 г мелено месо

1/2 чаша ориз

1 глава кромид

3 јајца

1­/4 кафена лажица ким

1/2 кафена лажица сол

1­/4 кафена лажица црн пипер

1 чаша лебници

1 чаша сончогледово масло

Ќофтето кадинбуду се подготвува на следниот начин. Најпрвин измиениот и исцеден ориз го ставаме во едно тенџере заедно со 1 чаша вода и 1/4 кафена лажица сол да омекнат. Кромидот го сечкаме на ситни парчиња или го рендаме. Во една тава го ставаме исецканиот кромид и додаваме половина од меленото месо. Смесата ја пржиме се додека не омекне кромидот и меленото месо. Откако меленото месо ќе ја испушти водата и ќе се запржи кромидот, смесата ја тргаме од решото и оставаме да се олади. Во еден друг широк сад останата количина од меленото месо ја мешаме со брашно, сварениот ориз, испрженото мелено месо, додаваме едно јајце, зачини и сол. Вака подготвената смеса ја месиме и околу 30 минути ја ставаме во фрижидер. Во меѓувреме останатите две јајца ги метеме. Од смесата од фрижидерот кинеме прачиња во големина колку едно јајце и правиме кругови. Новообликуваните ќофтиња ги ставаме во лебник, потоа ги ставаме во изматените јајца и ги ставаме да се пржат на загреано масло. Испржените ќофтиња можете да ги јадете топли или ладни. Ви посакуваме пријатен апетит.



Слични вести