Дали знаете 50/2019

Првото метро во нашата земја почна да се гради во 1870 година во Истанбул под името „Тунел“ помеѓу Галата и Пера, денешните населби Караќој и Бејоглуи, а беше ставено во употреба почнувајќи од 1874 година

1324184
Дали знаете 50/2019

Дали знаете дека првото метро во Турција е изградено во 1874 година во Истанбул?

Првото метро во нашата земја почнало да се гради во 1870 година во Истанбул и било ставено во употреба почнувајќи од 1874 година. На оваа метро линија во должина од 601 метар којашто била изградена од страна на францускиот инженер по име Хенри Гаванд кој инаку во 1867 година дошол да го прошета Истанбул, ѝ било дадено името „Тунел“.

Метро линијата „Тунел“ којашто ги поврзувала по најкус пат Галата и Пера тогаш познати по тоа име, односно денешните населби Караќој и Бејоглу, работи со систем на жичара.

Оваа метро линија „Тунел“ којашто денеска остварува 181 линија, растојанието од 573 метри го поминува за 90 секунди со помош на електричен систем од 350 коњски сили.

Со своите два вагони во должина од 16 метри од еднаш може да носи, т.ј. превезува 170 лица.
 



Слични вести