Дали знаете 49/2019

Тарханата т.ј. „тараната“ е традиционален ферментиран житен производ (чорба)  која што се добива со мешање на брашно, јогурт, квасец и зеленчук и зачини, нивно оставање на ферментација и потоа нивно мелење

1322614
Дали знаете 49/2019

Дали знаете дека „тарханата“ или „тараната“ какошто се нарекува на македонски, којашто била подготвувана од страна на Турците уште во Централна Азија, е едната од првите готови чорби т.ј. супи во светот?

Тарханата т.ј. „тараната“ е традиционален ферментиран житен производ  која што се добива со мешање на брашно, јогурт, квасец и зеленчук и зачини, нивно оставање на ферментација и потоа нивно мелење. Познато е дека „тарханата“ којашто ја подготвувале Турците уште во Централна Азија, е едната од првите чорби т.ј. супи во светот. Во врска со името од каде доаѓа или потекнува „тарханата“ којашто со посредство на Селџуците била донесена на Блискиот исток и во Анадолија, нема точни податоци. Грците „тарханата“ ја знаат и употребуваат, конзумираат под името „трхана“, а на македонски пак е позната по името „Тарана“.

Постојат некои преданија во врска со потеклото на зборот „тархана“. Предание кое што се прифаќа најмногу меѓу сите нив е тоа дека зборот „тархана“ потекнува од „зборот дар хане“ кој што во буквален превод на турски значи „тесен дом“ или „сиромашна куќа“...

Според ова предание, Султанот за време на месецот на муслиманскиот пост Рамазан излегол да прошета по еден сиромашен кварт. За ифтар бил гостин во една куќа покрај којашто поминувал. На софрата, трпезата, имало само една чорба и леб. На Султанот многу му се допаднала чорбата и прашал како се вика ова јадење. Старата жена домаќинка малку и срамежливо рекла „Султане, она коешто најмногу можев да ви принесам беше чорба на дар хане т.ј. тесна-сиромашна куќа; нека ви е пријатно.“. Ете, според ова предание, оваа чорба којашто била наречена „дар хане“ со текот на времето го добила името „тархана“, или „тарана“ како што се нарекува на македонски.

Културата на подготвување т.ј. проширување на чорбата „тархана“ во Турција најмногу била развиена во градот Кахраманмараш каде што се произведуваат доста голем број видови на „тархана“. Освен тоа, наши други места познати, односно прочуени по чорбата „тархана“ се и градовите Ушак, Афјонкарахисар и Малатја, како и населените места Бандирма, Ѓонен, Гедиз и Бејпазари.
 



Слични вести