Во Босна и Херцеговина започна Неделата на турскиот филм

На рамките на манифестацијата Недела на турскиот филм којашто оваа година се одржува по 9-ти пат, а за прв пат во 23 различни градови, љубителите на кинематографијата во БиХ од 11 до 15 декември, во текот на 5 дена, ќе можат да гледаат 7 турски филмови

1322361
Во Босна и Херцеговина започна Неделата на турскиот филм

Во Босна и Херцеговина започна Неделата на турскиот филм што се одржува од страна на страна на Институтот Јунус Емре  и со поддршка на Генералната дирекција за кинематографија при Министерството за култура и туризам на Турција.

На рамките на манифестацијата којашто оваа година се одржува по 9-ти пат и за прв пат во 23 различни градови, љубителите на кинематографијата во Босна и Херцеговина од 11 до 15 декември, во текот на 5 дена ќе можат да гледаат 7 турски филмови.

Синоќа во рамкие на Неделата на турскиот филм во кино салата „Meeting Point“ во Сараево најпрвин беше прикажан филмот „Анкарско лето-Проштално писмо“ („Ankara Yazı-Veda Mektubu“) во режија на Кемал Узун, а во кој во главна улога настапува познатиот турски актер Ѓуркан Ујгун.

Освен тоа, во рамките на Неделата на турскиот филм во Босна и Херцеговина, ќе бидат прикажани пред љубителите на кинематографијата и филмовите „Жонглер“ („Hokkabaz“), „Луѓето на дедо ми“ („Dedemin İnsanları“), „Не раскажувај ми приказна“ („Bana Masal Anlatma“), „Ајла“ („Ayla“), „Рафадан Тајфа Авантура по коридори“ („Rafadan Tayfa Dehliz Macerası“) и „Драги пријатели“ („Can Dostlar“).



Слични вести