Дали знаете 48/2019

Воената обврска, односно служењето војска, кое располага со коренито минато кое што е традиционализирано во нашето општество, се оценува како света обврска

1322325
Дали знаете 48/2019

Дали знаете дека одредени пресвртни точки, премини од животот, во турската култура се слават со свечености и церемонии, а од кои специјално значење има особено свеченоста за испраќање во војска?

Воената обврска, односно служењето војска, кое располага со коренито минато кое што е традиционализирано во нашето општество, се оценува како света обврска. Да се стане војник и да се служи војска се истоветува со особини како што се да се стане  чесен, поносен, достоинствен и доблесен човек.

Особено во руралните подрачје и во помалите населени места не се гледа добро кон оние лица кои не служеле војска и не се почитува, или зема во предвид нивниот збор.

Така на почетокот и на крајот на оваа задача или обврска на којашто и се придава толку големо значење во турското општество, исто како и за време на другите пресвртни точки или премини, периоди од животот, се организираат различни прослави или церемонии. Овие прослави или церемонии на испраќање и пречекување се различни, односно се разликуваат според области.

Една од овие различни применувања, којашто е распространета во голем број области на нашата земја  е младите кои добиваат покана за отслужување на својот воен рок да се канат редум на вечера од страна на нивните роднини и другари. Оваа вечера освен тоа што се организира само за кандидатот за служење на воениот рок, се приредува и за целото негово семејство.

Распространета примена е таа што се одржуваат прослави и забави за време на вечерата и после приредената вечера.
 



Слични вести