Новинари и академици кои се собраа во Стокхолм побараа да му се одземе наградата на Хандке

Новинари и академици кои се собраа во зградата „ABF“ во Стокхолм упатија повик до Кралската академија за науки на Шведска да му се одземе Нобеловата награда за литература на австрискиот писател Петер Хандке

1321082
Новинари и академици кои се собраа во Стокхолм побараа да му се одземе наградата на Хандке

Новинари и академици од различни земји на светот кои се собраа во лавниот град на Шведска, Стокхолм, побараа да му се одземе Нобеловата награда за литература на австрискиот писател Петер Хандке, поради негирање на извршениот геноцид во јули во 1995 година во Сребреница и застанување во одбрана на српските воени злосторници.

Новинарите и академиците се собраа во зградата на „ABF“ во Стокхолм и упатија повик до Кралската академија за науки на Шведска од чија страна годинашната Нобелова награда за литература му е доделена на австрискиот писател Петер Хандке.

Меѓу оние од чија страна беше упатен овој повик беа германската писателка од хрватско потекло Алида Бремер, германската новинарка Елке Шмитер, француската новинарка Флоренс Хартман, американскиот новинар Рој Гутман, потоа босанскиот академик и директор на Меморијалниот центар Поточари во Сребреница Емир Суљагиќ, шведската новинарка Кристина Доктаре, професорот на Сараевскиот универзитет проф. д-р Вахидин Прељевиќ, членот на Норвешкиот Хелсиншки комитет Енвер Џулиман, како и Мирсад Дуратовиќ претседател на Здружението на поранешни логорски затвореници и Јасна Чаушевиќ новинарка истражувачка на геноцид.

Во име на собраната група говореше босанскиот политичар кој живее во Шведска Ален Мусаефендиќ кој истакна дека бараат да му се одзеде Нобеловата награда за литература на австрискиот писател Петер Хандке бидејќи застанува во одбрана на српските воени злосторници.

Укажувајќи на тоа дека е неприфатливо да се награди од страна на Кралската академија за науки на Шведска еден писател кој го негира геноцидот во Босна и Херцеговина, а кој се прифаќа од страна на целиот свет, Мусаефендиќ рече: „Овде се собрани важни светски писатели и академици за да покажат реакција против оваа состојба. Се бара да се одземе наградата.“

Од друга страна, ѝ Петер Еглунд, поранешниот секретар на Кралската академија за науки на Шведска од чија страна се доделуваат Нобеловите награди, соопшти дека ќе го бојкотира годинашното доделување на наградите поради тоа што наградата за литература ќе му се додели на австрискиот писател Петер Хандке, и притоа како причина го изнесе тоа што Хандке му даваше отворена поддршка на  поранешниот српски претседател Слободан Милошевиќ кој е извршител на воени злосторства.



Слични вести