Дали знаете 47/2019

Караѓоз, е игра на сенки која што се потпира на прикажување на бело платно со нивно осветлување од задната страна на предметите со нивно придвижување на белото платно

1318941
Дали знаете 47/2019
kültür mirası karagöz hacivat.jpg
karagöz gölge oyunu.jpg
Hacivat ve Karagöz
karagöz.jpg
hacivat ve karagöz.jpg

Дали знаете дека Караѓоз, една од традиционалните театарски игри во турската култура, е игра на сенки?

Караѓоз, е игра на сенки која што се потпира на прикажување на бело платно со нивно осветлување од задната страна на предметите во облик на човек, животно или предмети подготвени од кожа на камила или бивол, со нивно придвижување на белото платно. Оваа игра на сенки своето име го добила од главниот јунак Караѓоз.

За извор т.ј. потекло на играта на сенки се прифаќаат земјите од Југоисточна Азија.

Во врска со нејзиното доаѓање во Турција пак, постојат различни погледи. Според едниот од тие погледи е тоа дека игрите коишто во Централна Азија се познати под имињата „кор колчак“ и „чадир хајал“ се игра на сенки и дека оттаму со преселувањата биле донесени во Анадолија.

Според еден друг поглед, играта на сенки била донесена во Турција со посредство на уметниците на игра на сенки кои во 1517 година биле донесени од Египет, кога тие територии биле освоени од страна на османлискиот Султан Јавуз Селим.
 



Слични вести