Дали знаете 46/2019

Театарската претстава „Кукла“ која во буквален превод значи бебе т.ј. кукла и денеска низ Анадолија живее односно го продолжува своето постоење под имиња како што се „Корчак“, „Кудурџук“ или „Кабурџук“

Дали знаете 46/2019

Дали знаете дека „Кукла“ е едната од традиционалните театарски игри во турската култура, а згора на тоа дека е и едната од најстарите театарски игри со претстава од тој вид?

Театарската претстава „Кукла“ која во буквален превод значи бебе т.ј. кукла и денеска низ Анадолија живее односно го продолжува своето постоење под имиња како што се „Корчак“, „Кудурџук“ или „Кабурџук“. „Кукла“ којашто живее под имињата „Корколчак“ и „Шатор имагинација“ со истото име се заживува и во Централна Азија и се претпоставува дека е донесена во Анадолија од Централна Азија.

Традицоналната театарска претстава „Кукла“ којашто кај голем број турски заедници се забележува во една себе специфична едноставна техника и почнувајќи од 17-от век во градовите во Турција е позната под името „Кукла“, во Анадолија меѓу жителите на селата е распространета со имиња како што се „бебе, чомџе, гелин, карачор“.

Кукла која обработува теми од секојдневниот живот и книжевни приказни, е куклена театарска игра со движење и волумен.

Познато е дека била играна уште од 14-от век.

Главни јунаци во оваа игра се Ибиш и Ихтијар. Ибиш е итра, остроумна и духовита личност, додека Ихтијар е богата личност.
 



Слични вести