Турскиот актер Халук Билгинер добитник на „Еми“ награда за најдобра машка улога

Турскиот актер Халук Билгинер ја доби 47. меѓународна награда „Еми“ во категоријата за најдобра машка улога за неговиот настап во серијата „Личност“ („Şahsiyet“)

1312722
Турскиот актер Халук Билгинер добитник на „Еми“ награда за најдобра машка улога

Турскиот актер Халук Билгинер е добитник на годинашната награда за најдобра машка улога на 47. издание на Меѓународните награди „Еми“ со улогата во серијата „Личност“ („Şahsiyet“).

По повод доделувањето на статуетките на Меѓународните награди „Еми“ („Emmy“) на Американската кадемија на телевизиски уметности и науки коишто оваа година се доделуваат по 47. пат, беше одржана церемонија во градот Њујорк во Соединетите Американски Држави (САД).

Во категоријата за најдобра машка улога се натпреваруваа 4 актери и тоа од Турција, Англија, Германија и Бразил.

Турскиот актер Халук Билгинер ја доби 47. меѓународна награда „Еми“ во категоријата за најдобра машка улога за неговиот настап во серијата „Личност“ („Şahsiyet“) во улога на серискиот убиец Аѓах, кој боледува од Алцхајмерова болест.

На церемонијата беа доделени 2 специјални награди и 11 „Еми“ награди.

Наградата за најдобра женска улога ја доби унгарската актерка Марина Гера.

За најдобар филм во категоријата комедија е избран бразилскиот филм „Especial de Natal Porta dos Fundos“ (The Last Hangover), наградата за најдобар документарен филм ја освои холандскиот филм „Bellingcat-Truth in a Post-Truth World“, за најдобра серија во категоријата драма е избрана „McMafia“ од Англија, а наградата за најдобра мини серија ја доби „Safe Harbour“ од Австралија.

 



Слични вести