Специјалитети од турската кујна 48-2019

Турски „менемен“

Специјалитети од турската кујна 48-2019

Утринскиот појадок име големо значење во турската кујна. Турците не доручкуваат само едно парче колач или чинија полна со житни снегулки. За време на традиционалниот турски појдаок се пие чај, а не кафе. Чајот се пие во порцелански шолји или стаклени чаши за чај. Кафето се пие по појадокот и на тој начин се крунисува доручекот. Впрочем самото име на појдаокот на турски потекнува од зборот „kahve altı“ што значи „пред кафето“. Што јадат Турците на појадок покрај чајот? Најпрвин сирење и маслинки. Да добро слушнавте. Маслинки. Додека во многу култури маслинките се користат како аператив или дополнително мезе, во турската кујна има незаменливо место. Што се однесува до сирењето, на појадок се конзумираат сите видови сирење. Покрај тоа што на масата се наоѓаат по неколку видови сирење, белото сирење има приоритетно место. Турскиот појадок е многу богат и разновиден. На масата има маслинки, сирење, маслиново масло, мед, џем, суџук, салама, виршли, јајца испржени на различни начини, пити, пржен зеленчук, полнети пиперки, домати, краставички, пиперки и разни видови треви.

Денес ќе ве запознаеме со рецептот за тоа како се подготвува турскиот „менемен“ едно од најомилените јадења на појадокот на трпезите во Турција. Менеменот може да се дефинира како еден вид омлет кој се подготвува од домати, пиперки и по желба кромид. За подготвување на турскиот менемен потребни ви се следните состојки:

4 домати

1 главица кромид

4 зелени пиперки

3 јајца

2 супени лажици масло

малку сол и црн пипер.

Пред да почнеме да го правиме менеменот, да кажеме дека Турците се поделени на две групи кога станува збор за употребата на кромидот. Додека едната група тврди дека менеменот без кромид е невкусен, другата група го брани ставот дека менеменот треба да се направи без кромид. Денес ќе ве запознаеме со рецептот за тоа како се подготвува менеменот со кромид. Вие по желба можете да го подготвите без кромид, со директно пржење на пиперките.

Најпрвин го лупиме кромидот и го сецкаме на ситни парчиња. Потоа ги сецкаме доматите кои исто така ги лупиме. Пиперките ги чистиме од семките и ги сецкаме во вид на полумесечина. Во тавата ставаме масло и оставаме да се пржи. Потоа додаваме од исецканиот кромид и оставаме да се пржи околу 5 минути. Потоа ги додаваме исецканите пиперки и заедно со кромидот оставаме да се пржи. На крајот ги додаваме доматите и смесата ја пржиме се додека не проврие сокот на доматите. Во еден посебен сад ги мешаме јајцата, солта и црниот пипер и оваа смеса ја полеваме во тавата во која се пржи смесата од домати, пиперки и кромид. Целата смеса ја оставаме да проврие околу 4 минути. Подготвениот менемен се служи топол и по желба со печени лепчиња. Ви посакуваме пријатен апетит.



Слични вести