Церемонијата за доделување на наградите „TRT World Citizen“ ќе се одржи на 28 ноември во Истанбул

И оваа година во рамките на „TRT World Citizen“ т.ј. „Светски граѓанин на годината“ ќе им бидат доделени наградите на лицата кои имаат заслуга за човештвото, а ќе присуствуваат и претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и неговата сопруга Емине Ердоган

1311349
Церемонијата за доделување на наградите „TRT World Citizen“ ќе се одржи на 28 ноември во Истанбул

„TRT World Citizen“, како социјална иницијатива за социјална одговорност во организација на Турската радио и телевизија ТРТ под слоганот „да се стане инспирација за позитивна промена“, ја одбележува својата втора годишнина.

И оваа година во рамките на „TRT World Citizen“ т.ј. „Светски граѓанин на годината“ ќе им бидат доделени наградите на лицата кои имаат заслуга за човештвото.

Церемонијата на доделување вторите по ред награди „TRT World Citizen“ на која ќе се состанат голем број познати имиња од меѓународната арена ќе се одржи на 28 ноември во Истанбул.

На церемонијата ќе присуствуваат и претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и неговата сопруга Емине Ердоган.

Во рамките на церемонијата ќе бидат доделени награди во категории како што се образование, комуникација, младина, светски граѓанин на годината и доживотен успех.

За овогодишна тема на натпреварот за кусометражен филм којшто се одржува во склопот на „World Citizen“ е избрана темата „Жените на војната“.

На вечерата „World Citizen“ ќе им бидат доделени награди и на режисерите на филмови во кои се раскажува за жените кои ги продолжуваат своите животи под тешки услови.

Наградата Доживотен успех којашто воедно е и најпрестижна награда, ќе му биде доделена на Јусуф Ислам кој со реализираните хуманитарни работи оваа година стана инспирација за светот.

Јусуф Ислам на вечерата на церемонијата за прв пат ќе ја претстави пред светот својата новоформирана хуманитарна организација „Воз на мирот“.



Слични вести