Дали знаете 45/2019

Денешното познато туристичко одморалиште на брегот на Егејското Море, Бодрум, или Халикарнасос, како што е познато во историјата, е западноанадолски град каде што се испреплетуваат сонцето, морето, природата и легендите, како и забавата и разонодата

Дали знаете 45/2019

Дали знаете дека Херодот, кој е познат како татко на историјата, е роден во Бодрум, денеска познато туристичко одморалиште на Турција?

Денешното познато туристичко одморалиште на брегот на Егејското Море, Бодрум, или Халикарнасос, како што е познато во историјата, е западноанадолски град каде што се испреплетуваат сонцето, морето, природата и легендите, како и забавата и разонодата...

Овој град со неговата коренита историја којашто се протега до пред 3000-дитата година пред новата ера, бил домаќин на голем број цивилизации, а воедно во 5-от век пред новата ера е и родното место на Херодот, кој е познат како татко на историјата.

Личноста од чија страна му било дадено името „Халикарнасос“ на градот е кралот на Карија Мавзолос.

По неговата смрт, од страна на принцезата Артемисија бил изграден спомен гроб во негово име и овој спомен гроб по изминати долги години од страна на историчарите бил прикажан како едно од седумте светски чуда. 
 

 



Слични вести