24 Ноември, Ден на учителите во Турција

Во овој радосен ден за нив, се наоѓаме покрај нашите учители кои носат на своите плеќи големи, значајни и тешки задачи во едуцирањето т.ј. просветувањето на нашето општество

24 Ноември, Ден на учителите во Турција

Денеска уште еднаш го славиме Денот на учителите во Турција.

Во овој радосен ден за нив се наоѓаме покрај нашите учители кои носат на своите плеќи големи, значајни и тешки задачи во едуцирањето т.ј. просветувањето на нашето општество.

Изградбата на успешна иднина е можно со млади кои ќе бидат едуцирани и просветени со самопожртвуваната работа на учителите кои ја извршуваат својата професија со голема љубов.

Само учителите можат да се доближат со љубов, нежност и топлина кон децата на другите.

Уште еднаш се потсетуваме на тоа дека нема да ги оставиме сами на патот на исполнување на оваа нивна света професија и дека сите ние имаме потреба од нив во изградбата на подобра и посветла иднина.

Денеска на 24 ноември Денот на учителите во Турција, стотици, илјадници пати со љубов и со почит им ја бакнуваме раката на сите учители. 



Слични вести