Конференција за Ѓобеклитепе во Шведска

Професорот Карул подвлече дека локалитетот Ѓобеклитепе е новата нулта точка на историјата

1310768
Конференција за Ѓобеклитепе во Шведска

Во Стокхолм се одржа конференција посветена на археолошкиот локалитет Ѓобеклитепе.

На конференцијата што се одржа во Медитеранскиот музеј во Стокхолм учествуваа амбасадорот на РТ во Стокхолм Хакки Емре Јунт и сопругата Фиген Јунт, вршителот на работи на мабасадата на РТ во Стокхолм Ознур Озкан и голем број Швеѓани.

Шефот на Катедрата за предисториска археологија на одделот за археологија при Факултетот за книжевност на Истанбулскиот универзитет проф. др. Неџми Карул во говорот во оваа прилика присутните ги информираше за трагите од населувањето и животот во локалитетите Ѓобеклитепе и Карахантепе.

Професорот Карул рече дека само лани околу 400 илјади посетители го посетиле локалитетот Ѓобеклитепе.

„Лани Ѓобеклитепе беше вброен на Списокот на светското наследство на УНЕСКО поради што веднаш по овој настан дојде до зголемување на бројот на туристите на подрачјето. Самиот пристап кон откривањето на локалитетот и локалното население, отворањето на музејот, археолозите кои работат во подрачјето, управувањето со сите овие активности беа многу големо работа и предизвикаа големо возбудување. Самиот чин на влегување на списокот на УНЕСКО исто така беше големо изненадување и доживување. Сите направивме се што е во наша можност“.

Професорот Карул подвлече дека локалитетот Ѓобеклитепе е новата нулта точка на историјата.



Слични вести