Утре во британскиот музеј ќе се отвори изложбата Троја

Меѓу експонатите кои беа собрани и донесени од германскиот Берлински музеј, британскиот музеј Ашмолеан и данскиот Национален музеј се наоѓаат керамички садови, сребрени садови, бронзено оружје, статуи и саркофази

1309548
Утре во британскиот музеј ќе се отвори изложбата Троја
troya.jpg

Утре во британскиот музеј (British Museum) заедно со експонатите кои беа украдени од античкиот град Троја стар 5 илјади години ќе се отвори специјалната изложба Троја.

Лондон се подготвува да биде домаќин на една од најголемите изложби Троја.

Почнувајќи од утре, околу 300 експонати од Троја ќе можат да се посетат во специјалната сала. Изложбата ќе биде отворена под наслов „Троја: Мит и реалност“.

Во рамките на изложбата која се состои од експонатите украдени во три пратки од страна на германскиот трговец и археолог Хајнрих Шлиман, а кои беа собрани од различни земји, Троја се раскажува од аспект на реалноста и легендите.

Меѓу експонатите кои беа собрани и донесени од германскиот Берлински музеј, британскиот музеј Ашмолеан и данскиот Национален музеј се наоѓаат керамички садови, сребрени садови, бронзено оружје, статуи и саркофази.

На изложбата, наместо оригиналните накити од трезорот на Троја кои беа украдени од античкиот град стар пет илјади години и кои денес се изложени во музејот Пушки во Москва, се наоѓаат две имитации кои датираат од 19-от век.

Во рамките на изложбата чија тема е античкиот град Троја, кој беше тема ма познатите епови на Хомер Илијада и Одисеја и се наоѓа во општинските граници на денешниот град Чанаккале во Турција, освен експонати од познатата Тројанска војна исто така можат да се видат експонати од Римскиот период и подоцна.

Изложбата која ќе се отвори утре, ќе може да се посети до 8 март 2020.



Слични вести