Во Рим и Виена ќе бидат прикажани 3 филма на турскиот режисер Нури Билге Џејлан

Во рамките на проектот „Недела на турски филмови“ од 22 до 24 ноември во главниот град на Италија Рим, а од 2 до 8 декември во главниот град на Австрија Виена ќе бидат прикажани 3 филма на познатиот турски режисер Нури Билге Џејлан

1304866
Во Рим и Виена ќе бидат прикажани 3 филма на турскиот режисер Нури Билге Џејлан

Институтот Јунус Емре (ЈЕЕ) кој се наоѓа на чело на значајните институции ја води културната дипломатија на Турција, го продолжува проектот „Недела на турски филмови“ којшто е домаќин на прикажувањето на успешните турски филмови.

Со проектот којшто се води со поддршка на Генералната дирекција за кинематографија при Министерството за култура и туризам, во различни земји се прикажуваат пред љубителите на кинематографијата стотици турски филмови.

Во рамките на овој проект којшто досега е реализиран во 20 земји, од 22 до 24 ноември во главниот град на Италија Рим, а од 2 до 8 декември во главниот град на Австрија Виена ќе бидат прикажани 3 филма на познатиот турски режисер Нури Билге Џејлан кој го прочу своето име на меѓународни филмски фестивали како што се Канскиот филмски фестивал и Филмскиот фестивал „Златен портокал“ во Анталија.

Ќе бидат прикажани филмовите „Дрвото на дива круша“ („Ahlat Ağacı“), „Зимски сон“ („Kış Uykusu“) и „Беше еднаш во Анадолија“ („Bir Zamanlar Anadolu'da“), а воедно и самиот Нури Билге Џејлан во рамките на манифестацијата ќе се состане со ученици, режисери и продуценти и овде ќе оствари разговори и интервјуа.

Освен тоа, во рамките на „Неделата на турски филмови“ до крајот на годината ќе бидат прикажани пред љубителите на кинематографијата и голем број турски филмови и во земји како што се Либан, Босна и Херцеговина, Австрија, Мароко, Италија, Унгарија, Романија и Казахстан.



Слични вести