Дали знаете 43/2019
Аизанои е антички град кој се наоѓа во денешното населено место Чавдархисар, на оддалеченост од 58 километри од градскиот центар на Ќутахја и со неговата културна градба се дефинира како „втор Ефес“

Дали знаете дека првата берза во светот била формирана во античкиот град Аизанои којшто денеска се наоѓа во населеното место Чавдархисар кај градот Ќутахја?
Аизанои е антички град кој се наоѓа во денешното населено место Чавдархисар, на оддалеченост од 58 километри од градскиот центар на Ќутахја. Со неговата културна градба Аизанои се дефинира како „втор Ефес“.
Во римскиот град Аизанои којшто е откриен во 1824 година и каде се наоѓаат најдобро зачуваните археолошки остатоци, од 1970 година наваму се водат археолошки ископувања.
Во античкиот град беа изнесени на светлината на денот бројни градби меѓу кои се наоѓаат најдоброзачуваниот храм на Зевс во светот, театар за 20 илјади лица и веднаш залепено до него стадиум за 13.500 лица, две бањи, улица со столбови, 5 места изградени на реката Коџачај.
Едната од тие градби е и градбата на првата берза во светот која е извадена на светлината на денот во 1995 година.
Во околината на храмот во античкиот град Аизанои се наоѓаат слоеви од населување коишто датираат од 3000’дитите години пред новата ера.