Голем број граѓани синоќа по повод Мевлид Кандил ги исполнија џамиите во Турција

Синоќа во џамиите ширум Турција со различни манифестации и програми беше одбележан Мевлид Кандил, денот на раѓање на муслиманскиот божји пратеник Пејгамберот Хазрети Мухамед (с.а.в.с.)

1303225
Голем број граѓани синоќа по повод Мевлид Кандил ги исполнија џамиите во Турција
kandil2.jpg
kandil.jpg
kandil1.jpg

Мевлид Кандил (Мевлид-и Шериф) кој се одбележува како ден на раѓање на муслиманскиот божји пратеник Пејгамберот Хазрети Мухамед (с.а.в.с.), синоќа се славеше со дови (молитви) во цела Турција. 

Голем број граѓани синоќа ги исполнија џамиите во целата земја.

Во оваа пречесна и благословена ноќ рацете беа кренати со читање дови (молитви) за единство и слога.

Беа пеани илахии (побожни песни) и беа читани салавати. 

Главна адреса на одбележување на Мавлид Кандил (Мевлид-и Шериф или Мевлид-и Неби) во главниот град Анкара беше џамијата Хаџи Бајрам, а во Истанбул џамијата Ејуп Султан.

Освен овие две значајни џамии синоќа беа исполнети со голем број граѓани и сите други џамии во цела Турција. 

Така во градот Батман беа читани мевлид (мевлид) и касидии, а беа пеани и илахии (побожни песни) на турски, курдски и арапски јазик.

Во населеното место Сарикамиш кај градот Карс кое е познато и како подрачје на шехидите по клањање на намазот на граѓаните им беше прикажан Сакал-и Шериф т.ј. влакното од брадата на бојжиот пратеник Хазрети Мухамед (с.а.в.с.).

Мевлид Кандил (Мевлид-и Шериф или Мевлид-и Неби) синоќа се одбележа со различни манифестации и програми и во Едирне, Киркларели, Адана, Хатај, Шанлиурфа, Бурса, Ќутахја, Ерзинџан и во голем број други градови и помали населени места ширум Турција.



Слични вести