Египќаните не се откажуваат од турските телевизиски серии

Глумците на турските телевизиски серии кои се стекнаа со голема слава во арапскиот свет, го зазедоа свето место и меѓу најсаканите глумци кај египетските гледачи, а тоа доведе до голема заинтересираност во Египет и кон турскиот јазик

Египќаните не се откажуваат од турските телевизиски серии

Турските телевизиски серии се наоѓаат меѓу најгледаните серии во Египет.

Како што се истакнува, глумците на турските телевизиски серии кои се стекнаа со голема слава во арапскиот свет, го зазедоа свето место и меѓу најсаканите глумци кај египетските гледачи, а исто така турските серии само по себе ја донесоа заинтересираноста и кон турскиот јазик во Египет.

Затоа, некои Египќани велат дека го засакале турскиот јазик благодарение на турските телевизиски серии  и почнале да одат  на курсеви во Инситутот Јунус Емре во Каиро, за изучување на турскиот јазик.

Во повеќето од турските серии во кои општествените прашања се обработуваат на романтичен начин, Египќаните се наоѓаат себе си.

Како најпопуларна турска телевизиска серија која е следена повеќе меѓу машките гледачи во Египет во последните години се оценува серијата „Дирилиш Ертугрул“ (Воскреснување Ертугрул) која беше емитувана на екраните на Турската радио и телевизија ТРТ и соборуваше рекорди по гледаност.



Слични вести