Денес е Мевлид кандил

Денес ќе се одбележи Mевлид кандил, денот на раѓањето на божјиот пратеник Хазрети Мухамед

Денес е Мевлид кандил

12-от ден од третиот месец според Лунарниот календар се одбележува по повод раѓањето на божјиот пратеник Хазрети Мухамед и има големо значење за исламскиот свет.

Зборот „мевлит“ кој според речникот подразбира место и време на раѓање, во исламската култура се употребува со посебна намена и подразбира манифестации кои се одржуваат по повод одбележувањето на годишнината оид раѓањето на божјиот пратеник Хазрети Мухамед.

По повод одбележувањето на Мевлид кандили, Генералната дирекција при Управата за верски прашања на Турција ќе одржи низа манифестации.

Во џамиите Ејуп Султан и Фатих во Истанбул, Капу во Коња, Улу во Испарта и Јени Махалле во Елазиг ќе се одржат специјални програми на кои ќе се читаат делови од светата муслиманска книга Куранот, мевлиди шериф и молитви.



Слични вести