Утре ќе се одбележи годишнината од раѓањето на божјиот пратеник Хазрети Мухамед

Зборот „мевлит“ кој подразбира место и време на раѓање, во исламската култура се употребува со посебна намена и подразбира свечености кои се одржуваат по повод одбележувањето на раѓањето на божјиот пратеник Хазрети Мухамед.

Утре ќе се одбележи годишнината од раѓањето на божјиот пратеник Хазрети Мухамед

Утре ќе се одбележи годишнината од раѓањето на божјиот пратеник Хазрети Мухамед.

12-от ден од третиот месец според Лунарниот календар се одбележува по повод раѓањето на божјиот пратеник Хазрети Мухамед и има големо значење за исламскиот свет.

Зборот „мевлит“ кој според речникот подразбира место и време на раѓање, во исламската култура се употребува со посебна намена и подразбира свечености кои се одржуваат по повод одбележувањето на раѓањето на божјиот пратеник Хазрети Мухамед.

По повод одбележувањето на Мевлуд кандили, Генералната дирекција при Управата за верски прашања на Турција ќе одржи низа манифестации.

Во џамиите Ејуп и Султан и Фатих во Истанбул, Капу во Коња, Улу во Испарта и Јени Махалле во Елазиг ќе се одржат специјални програми на кои ќе се читаат делови од светата муслиманска книга Куранот, ќе се одржи мевлиди шериф и ќе се читаат молитви.



Слични вести