Дали знаете 42/2019

Пинарѓозу која располага со титулата најдолга пештера на Турција, се наоѓа на 8 километри од населеното место Јенишарбадемли кај градот Испарта, внатре во борови шуми

Pınargözü Mağarası Isparta.jpg
Pınargözü Mağarası.jpg

Дали знаете дека пештерата Пинарѓозу е едната од најголемите пештери во светот и дека нејзиното целосно истражување, откривање се уште не е завршено?

Пинарѓозу која располага со титулата најдолга пештера на Турција, се наоѓа на 8 километри од населеното место Јенишарбадемли кај градот Испарта, внатре во борови шуми.

Височината помеѓу почетокот и крајот на пештерата изнесува 720 метри и нејзиното целосно откривање се уште не е целосно завршено. На крајот на долгите истражувањата кои што се реализирани до 1995 година било успеано да биде измерен делот од 16 километри.

Внатре во пештерата големо место и простор опфаќаат езерца во различна големина, водопади, базени со сталактити и надвиснати акумулирани сталактити од секој вид.

На влезот би можеле да се соочите со силен ветар чија брзина изнесува од 150 до 160 километри на час.

Пештерата Пинарѓозу која се смета за најдолга пештера во Европа, се наоѓа во границите на националниот парк Кизилдаг и во оваа област е целосно забранет риболовот и ловот на дивеч.
 



Слични вести