Порака со честита од Турскиот совет по повод 96. годишнина од формирањето на Република Турција

Генералниот секретар на Турскиот Совет Багдад Амреев објави порака со честитка до турскиот народ и турската влада по повод 29 октомври Празникот на Републиката, во чии рамки денеска се одбележуваат 96 години од формирањето на Република Турција

1296591
Порака со честита од Турскиот совет по повод 96. годишнина од формирањето на Република Турција

Генералниот секретар на Турскиот Совет Багдад Амреев во пораката што ја објави по повод 29 октомври Празникот на Републиката, во име на Турскиот совет и во свое лично име им ја честита на турскиот народ и турската влада 96 годишнината од формирањето на Република Турција.

Во пораката се потсетува дека Република Турција за која нејзиниот основоположник Гази Мустафа Кемал Ататурк вели „Таа е моето најголемо дело“, денеска наполни 96 години, а воедно се вели следното: „По народноослободителната војна, прогласувањето на Републиката отвори нов пат за Турција во правец на напредокот и цивилизацијата, а воедно стана пример и за голем број други нации.“

Во пораката се нагласува дека Република Турција, со својата економија којашто оттогаш почна да расте, силната демократија, приврзаноста кон фундаменталните човечки вредности  и кон нејзината принципиелна и далековидна надворешна политика и денеска продолжува да претставува извор на инспирација за другите нации.

„Чувствуваме гордост од значајната позиција со којашто се стекна Турција во меѓународната политичка арена, фрлајќи притоа цврсти чекори за воспоставување на мирот и безбедноста во својот регион и пошироко.“ - се вели во пораката со честитка на генералниот секретар на Турскиот совет Багдад Амреев по повод одбележувањето на 29 октомври 96. годишнина од формирањето на Република Турција.



Слични вести