Дали знаете 41/2019

Потонатиот брод, Улубурун на длабочина од 44 метри во водите на Средоземното Море во југоисточниот дел на Каш, кај градот Анталија, е едниот од најстарите потонати бродови, галии, во кои почнале да се вршат истражувања во 1982 година

Дали знаете 41/2019

Дали знаете дека едниот од најстарите потонати бродови, односно галии, во кои биле вршени истражувања, е галијата „Улубурун“ која има минато од околу 3300 години?

Потонатиот брод, односно галија, Улубурун на длабочина од 44 метри во водите на Средоземното Море во југоисточниот дел на населеното место Каш, кај нашиот познат туристички центар градот Анталија, е едниот од најстарите потонати бродови, галии, во кои почнале да се вршат истражувања во 1982 година.

Потонатата галија за којашто е установено дека датира од бронзеното доба и на која и било дадено името Улубурун, како што се наведува датира од 14-от век пред новата ера.

Товарот што го превезувала галијата Улубурун се состоел од бакар, калај и стакло, како и предмети од различни земји. Предметот на којшто пак, особено стојат археолозите е печатот за кој што е установено дека и припаѓал на Нефертити, сопругата на египетскиот фараон Акенетон. Бидејќи, тоа е единствениот печат на кралицата којшто успеал да пристигне до денеска.

Потонатата галија Улубурун  која се наоѓа на длабочина од приближно 45 метри во водите на Средоземното Море, е едната ретките потонати галии коишто се пронајдени на толку голема длабочина.

Остатоците од потонатата галија Улубурун се наоѓаат на длабочина која што се променува од 44 до 52 метри во морето...



Слични вести