Ибрахим Ерен на „ТРТ Ворлд Форум 2019“: ТРТ стана гласот на глобалната совест

Генералниот директор на ТРТ Ибрахим Ерен истакна дека во текот на овие 3 години ТРТ Волд Форум стана најелитна меѓународна платформа на којашто се дискутира за бројни регионални и глобални прашања и рече: „ТРТ стана гласот на гласот на глобалната совест

1291796
Ибрахим Ерен на „ТРТ Ворлд Форум 2019“: ТРТ стана гласот на глобалната совест

Генералниот директор на Турската радио и телевизија ТРТ Ибрахим Ерен во Конгресниот центар во Истанбул говореше на отворањето на „ТРТ Ворлд Форум 2019“ (TRT World Forum 2019) кој се одржува на тема „Кризата на глобализацијата: Ризици и можности“.

Во оваа пригода Ерен истакна дека ТРТ стана гласот на глобалната совест.

Велејќи дека на минатогодишниот форум на тема „Преиспитување на мирот и безбедноста во распарчениот свет“  беа одржани над 200 отворени и затворени седници, Ибрахим Ерен истакна дека на годинашниот форум на тема „Кризата на глобализацијата: Ризици и можности“ со учество на експерти, во одделни сали ќе се одржат над 40 седници.

Ерен привлече внимание дека во текот на овие 3 години ТРТ Волд Форум стана најелитна меѓународна платформа на којашто се дискутира за бројни регионални и глобални прашања.

„Во секоја работа којашто ја правиме, секогаш водиме грижа на преден план 'да ги поставиме во центарот човекот и совеста'. И на форумот на којшто се донесени на исто место различните гласови, секогаш го држиме во центарот овој основен принцип.“ - рече Ибрахим Ерен.

Тој нагласи дека ТРТ во овој период кога светската јавност е погрешно ориентирана, остана посветена само и исклучиво на вестините, поради што се соочи со голем број тешкотии, и својот говор го продолжи со следните зборови: „Заедно со започнување на операцијата Извор на мирот имаше поканети кои во врска со учеството на ТРТ Ворлд Форум понекогаш со изнесување на различни изговори, а понекогаш изнесувајќи ја директно како причина операцијата, не известија дека нема да учестуваат на форумот. Жалиме поради тоа што гледаме дека овие поканети лица, не распоалгаат и не можат да ја носат онаа демократска зрелост којашто ја носиме ние. Никогаш не го прифативме овој неправеден поредок  во кој се прифаќа како глобално право само една и пристрасна гледна точка на доминатната суверена култура и во кој се негираат тивките гласови (гласот на угнетените).“  

Генералниот директор на Турската радио и телевизија ТРТ Ибрахим Ерен својот говор го продолжи со следните зборови: „Со инспирацијата добиена од нашиот господин претседател (Реџеп Тајјип Ердоган) го истакнавме нашиот приговор против системот со којшто судбината на 7,5 милијарди луѓе и се препушта на одлуката на 5 земји. Им го подадове микрофонот на жртвите на овој неправеден систем, им обезбедивме платформа за да се изјаснат себе си. Како ТРТ станавме гласот на глобалната совест. Како досега, така и отсега, во иднина, ТРТ насекаде во светот ќе продолжи да ги прочујува до светската јавност со сите негови вистини гласот на угнетените, правото, праведноста во светот и особено сето она коешто се случува во регионот.“



Слични вести