Ерменската патријаршија: „Се молиме за успешниот исход на операцијата чија цел е окончување на тероризмот и обезбедување на безбедноста на границите“

Воената и хаотична атмосфера на Блискиот Исток и поблиската географија, особено во Сирија предизвикува длабоко жалење и загриженост

1286337
Ерменската патријаршија: „Се молиме за успешниот исход на операцијата чија цел е окончување на тероризмот и обезбедување на безбедноста на границите“

Ерменската патријаршија во Турција во врска со операцијата „Извор на мирот“ го објави следното соопштение:

„Се молиме за успешниот исход на операцијата чија цел е окончување на тероризмот и обезбедување на безбедноста на границите како и што поскоро воспоставување спокојство и безбедност во регионот“.

Во продолжение на соопштението на Ерменската патријаршија беше истакнато следното:

„Воената и хаотична атмосфера на Блискиот Исток и поблиската географија, особено во Сирија предизвикува длабоко жалење и загриженост. Се молиме за успешниот исход на операцијата чија цел е окончување на тероризмот и обезбедување на безбедноста во земјата и на границите како и што поскоро воспоставување спокојство и безбедност во регионот. На мисите што ги одржуваме во нашите цркви сите постојано се молиме за натамошната егзистенција и опстојување на нашата држава Република Турција. На секоја миса ги повторуваме молитвите за нашата армија за постигнување на мировните цели на операцијата „Извор на мирот“ и да се вратат живи и здрави во земјата. Народите и етничките заедници кои живеат во Сирија и кои се изложени на сите видови репресии, тероризам, неправди, тортури и миграции, заслужуваат многу поправеден мир  и спокојство“.



Слични вести