Во Албанија започна 8-от Меѓународен џез фестивал

Во рамките на фестивалот професионални музички групи од Турција, Албанија, Унгарија, Франција, Италија, Словачка, Србија и Јапонија ќе одржат концерти

1284702
Во Албанија започна 8-от Меѓународен џез фестивал

Вчера во Тирана започна 8-от Меѓународен џез фестивал кој ќе трае до 12 октомври.

Џез фестивалот кој се одржува со поддршка на Министерството за култура на Албанија, Општината Тирана и други различни културни здруженија како што е Институтот Јунус Емре од Турција започна во „Унгарската вечер“.

Во тие рамки унгарскиот музичар Михали Борбели одржа концерт во Тирана.

Директорот на фестивалот Бесим Петрела во говорот што го одржа на свеченото отворање рече дека музичарите ќе ги прикажат своите перформанси и тоа ќе биде новина на овој фестивал.

Меѓудругото во рамките на фестивалот ќе се одржат и други музичко уметнички активности во различни стилови и полиња така што професионални музички групи од Турција, Албанија, Унгарија, Франција, Италија, Словачка, Србија и Јапонија ќе одржат концерти.

Групата „Танини Трио“ која ќе ја претставува Турција на фестивалот на 10 октомври ќе одржи концерт.

Последниот ден на фестивалот младите музичари од различни земји ќе одржат заеднички концерт на кој ќе ги претстават своите перформанси.



Слични вести