Специјалитети од турската кујна 41-2019

Сарма од лозов лист со маслиново масло (zeytinyağlı yaprak sarma)

1283098
Специјалитети од турската кујна 41-2019

Денешниот специјалитет со кој ќе ве запознаеме се вика „сарма од лозов лист со маслиново масло (zeytinyağlı yaprak sarma)“. Со овој специјалитет кој се прави од ориз и различни зачини со виткање во  лозови лист имате можност да се соочите во низа различни земји на Блискио Исто и Медитеранот. Покрај малите разлики од аспект на состојките и начинот на подготвувањето од страна на сите народи како и вкусот и името, ова јадење во суштина е исто. Сармата од лозов лист со маслиново масло во Турција претежно се користи како мезе или дополнителна храна (дохрана). Овој специјалитет можете да го видите покрај послужувањето на чајот, па дури на трпезите за доручек. Бидејќи во подготвувањето на овој специјалитет не се користи ниту едно животинска состојка, поради што е поволна за веганите и вегетаријанците.

За подготвување на сарма од лозов лист потребни ви се следните соостјки:

300 гр саламура лозови листови

1 ком. лимон

4 супени лажици маслиново масло

1 чаша топла вода

За внатрешната смеса ви се потребни:

1/2 чаша маслинов масло

3 ситно исечкани кромиди

1,5 чаши ориз

1 чаша топла вода

1 супена лажица пињола

1 супена лажица рибизли

1 мала лажичка сол

1 мала лажичка црн пипер

1 мала лажичка нане

1 мала лажичка пименто

1/2 мала лажичка цимет

Сармата од лозов лист со маслиново масло се подготвува на следниот начин. Најпрвин лозовите листови за да се исцедат од солта ги ставаме во еден длабок сад да чекаат околу пет минути. Откако ќе ја испуштат солта, лозовте листови ги миеме и ги цедиме од водата.

ВО меѓувреме ја подготвуваме внатрешната смеса на сармите. Половина чаша маслиново масло ставаме во едно тенџере да се запржи и додаваме исечкан кромид и пиљоли. Оризот добро го миеме се додека не се исчисти од нишастата. Откако ќе го запржиме кромидот додаваме ориз и продолжуваме да ја пржиме смесата. Потоа по ред додаваме рибизли, нане, сол и црн пипер и смесата добро ја мешаме. Потоа додаваме една чаша вода и смесата ја вариме се додека не се свари оризот. Сварениот ориз оставаме да се олади. Потоа додаваме цимет и пименто и продолжуваме уште малку да ја вариме смесата.

Лозовите листови ги полниме така што земаме еден по еден лист, најпрвин ги рамниме, потоа со нож ги сечеме врвовите на листовите. Во средината на листот ставаме од смесата и ја завиткуваме. Целиот процес го применуваме за сите листови. На дното на тенџерето во кое ќе ги варите сармите ставете неколку лозови листови. Подготвените сарми ги редиме во неколку редови и една до друга. Лимонот го сечеме на алки и ги ставаме врз сармите. За да не се одвојат при варењето, сармите ги покриваме со една чинија. Додаваме 1,5 чаша топла вода и 2 супени лажици маслинов масло. Вака подготвените сарми во тенџерето оставаме да се варат околу 35 минути. По избор можете да ги сервирате млаки или ладни. Ви посакуваме пријатен апетит.



Слични вести