Доделена Нобеловата награда за медицина за 2019

Постојат молекуларни механизми кои играат улога во адаптацијата на клетките на различните нивоа на кислород

1283230
Доделена Нобеловата награда за медицина за 2019

Нобеловата награда за медицина во 2019 ја добија тројца научници и тоа Американците Вилијам Г. Каели џуниор и Грега Л. Семенца и Англичанецот Сер Питер Ј. Ратклиф.

Според соопштението кое беше објавено од страна на Кралската академија на науките на Шведска, наградата беше доделена на тројцата научници Каелин, Ратклиф и Семенца за достигнувањата во сферата на употребата на кислородот од страна на клетките.

Наведените научници беа наградени за откритието за перцепцијата на ќелиите за постоењето на кислородот и адаптацијата.

Перцепцијата на кислородот има животно значење во утврдувањето на голем број болести.

Нобеловите награди кои беа доделени годинава поради значајните откритија имаат големо значење од аспект на физиологијата како и новите стратегии во борбата против анемијата, ракот и низа други болести.

Научните истражувања на Каелин, Ратлиф и Семенца покажаа дека постојат молекуларни механизми кои играат улога во адаптацијата на клетките на различните нивоа на кислород.



Слични вести