Дали знаете 38/2019
Според едно спроведено истражување експертот по психијатрија од Универзитетот Кентаки во САД професор доктор Арнолд Лудвиг, Ататурк се наоѓа на првото место „на ранг листата на најголеми политички личности“ меѓу сите државници во историјата

Дали знаете дека според едно спроведено истражување во Америка, Ататурк се наоѓа на првото место „на ранг листата на најголеми политички личности“ меѓу сите државници во историјата?
Експертот по психијатрија од Универзитетот Кентаки во САД професор доктор Арнолд Лудвиг во текот на 18 години водеше проект со цел да ја измери со научна објективност лидерските карактеристики на државните личности. Професор доктор Арнолд Лудвиг своите трудови ги собра во книгата по име „Кралот на планината: Природата на политичкото лидерство“ и спроведе истражувања во врска со 377 големи државни личности кои го удрија својот белег на последниот век.
При вреднување на политичките лидери, ги зеде во предвид нивните карактеристики како што се спасувањето или повторното обединување на една земја, поставување, односно создавање или изнесување на една нова идеологија, времето поминато на власт и претставување пример од морален аспект.
Со вреднувањето на експертот по психијатрија професор доктор Аронлд Лудвиг, Ататурк се најде на првото место меѓу 377 лидери. По Ататурк, второто место го споделија американскиот претседател Рузвелт и кинескиот лидер Мао.