Дали Да винчи е Турчин?

Многу ретки беа луѓето со црвена коса во 15 век во Милано

1279725
Дали Да винчи е Турчин?

Изнесено тврдење дека постои можност италијанскиот сликар Леонардо да Винчи да потекнува од Турците Хазари.

Познатиот историчар на уметноста Симон Хјуит напиша дека постои голема веројатност Да Винчи да потекнува од Турците Хазари.

Тврдењето на Хјуит потекнува од една стара карикатура од 1495 година и беше објавено во книгата „Leonardo da Vinci and the Book of Doom“. Хјуит во интервјуто за Гардијан тврдењето го поврза за црвената коса на Да Винчи.

Весникот во написот ги објави следните зборови на Хјуит кој рече: „Многу ретки беа луѓето со црвена коса во 15 век во Милано. Хјуит се сомнева дека потеклото на Леонардо може да датира од Турците Хазари со црвена коса кои живееја на широка географија од азиските степи до териториите на источна Европа“.



Слични вести