Специјалитети од турската кујна 40-2019

Свадбарска чорба или чорба со јагнешко месо (Düğün çorbası)

1278420
Специјалитети од турската кујна 40-2019

Еден писател вели „Ако дома има чорба, тогаш се е во ред“. Чорбата (супата) е лековито и јадење кое лесно се подготвува. Историјата на чорбата потекнува од подамна. Уште во старите дописи на Хититите напишани со клинесто писмо познато е дека луѓето подготвувале чорба од пченица, кромид, грашок, наут, леќа која ја мешале со месо и ја консумирале.  Во античка Грција се подготвувала чорба од грашок и црн боб.

Чорбата во Османлиското царство секогаш имала посебно место. Во сарајската и народната кујна секогаш се подготвувала најмалку една чорба од различни состојки во текот на денот. Некои од нив се бадемите, баклата, костените, цитрони, кајсии, Денес повеќето од овие чорби не се подготвуваат во турската кујна. Една од чорбите кои датираат од богатата Османлиска кујна е лорбата која се подготвува со јагнешко месо и се сервира на свадбите и свечените денови. Тоа е таканаречената свадбарска чорба или чорба со јагнешко месо.

За подготвување на свадбарската чорба потебни ви се следните состојки:

500 гр јагнешки врат

6 чаши вода – за варење на месото

3 супени лажици путер

2 полни супени лажици брашно

сол

3 чаши бујон

3 чаши вода

сол

црн пипер

4 супени лажици јогурт

сок од половина лимон

1 жолчка од јајце

1 супена лажица путер

црвен пипер во прав

Уште еднаш да ги повториме состојките кои се потребни за подготвување на свадбарска чорба. Тоа се:

500 гр јагнешки врат

6 чаши вода – за варење на месото

3 супени лажици путер

2 полни супени лажици брашно

сол

3 чаши бујон

3 чаши вода

сол

црн пипер

4 супени лажици јогурт

сок од половина лимон

1 жолчка од јајце

1 супена лажица путер

црвен пипер во прав

Свадбарската односно јагнешката чорба се подготвува на следниот начин:

Најпрвин во едно тенџере ставаме шест чаши вода да зоврие. Откако ќе зовире водата, го намалуваме огнот на шпоретот, го ставаме јагнешкото месо и оставаме да се вари на среден пламен. Откако месото добро ќе се свари, го цедиме со жичана цедилка и бујонот на месото го ставаме во еден посебен сад. Откако ќе се олади месото го чистиме од коските и го делиме на мали прачиња.

Путерот и брашното ги запржуваме во едно посебно тенџере. Полека додаваме 3 чаши од бујонот на месото и 3 чаши вода и ја мешаме смесата. Потоа ги додаваме парчињата јагнешко месо.

Во еден сад го мешаме јогуртот, жолчката од јајцето и сокот од лимон. Од смесата на чорбата земаме една кутлача и додаваме во семсата од јогурт. Потоа подготвената смеса постепено ја додаваме во тенџерето каде што се вари месото, додаваме сол и вака подготвената смеса ја вариме уште малку.

Во едн тава правиме запшрка од путерот и црвениот пипер, потоа оваа запршка ја полеваме врз чорбата и ја сервираме.

Ви посакуваме пријатен апетит.



Слични вести