Денови на турската кинематографија во Екатеринбург во Русија

Во рускиот град Екатеринбург се одржуваат Денови на турската кинематографија

1278101
Денови на турската кинематографија во Екатеринбург во Русија

Во градот Екатеринбург во Русија вчера (27 септември, петок) започна манифетстацијата Денови на турската кинематографија.

На отворањето на програмата одржана во кино салата од страна на Институтот Јунус Емре во Москва учествуваа заменик министерот за култура во Свердловската област Сергеј Радченко, почесниот конзул на Турција во Екатеринбург Сергеј Трофимов, директорот на Институтот Јунус Емре во Москва Омер Озкан и голем број руски граѓани.

На манифестацијата беа презентирани примери од турската кујна беа приреден концерт и беше организиран натпревар во квиз под наслов "Да ја запознаеме Турција".

Во рамките на деновите на кинематографијата ќе бидат прикажани пред љубителите на кинематографијата турски филмови со титлуван превод на руски јазик.

Манифестацијата која започна вчера на 27 септември во петок ќе заврши утре, 29 септември, во недела. 



Слични вести